Промени тема
Контакт

Џафери контактирал со Чеченски политичар кој е безбедносен ризик за државата заради блискоста со Кремљ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
50251395362_d8f1e0167d_c

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието на Македонија заради недоличното однесување, сите прекршувања на Деловникот за работа на Собранието, прекршување на Уставот на Македонија, како и за навредите на Џафери кон вработените во Собранието, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ги повикуваме сите пратеници во Собранието на Македонија да ја поддржат интерпелацијата за Талат Џафери.

Исто така Ковачевски треба да излезе од скутот на ДУИ и пратениците на СДСМ да ја поддржат интерпелацијата на Талат Џафери. Автократот Џафери покаже дека не е достоен да биде претседател на Собранието заради неговиот примитивизам, кршење на Деловникот и Уставот и недемократско однесување.

Џафери вулгарно ги навредуваше вработените во Собранието.

— реклама —

Џафери контактирал со Чеченски политичар кој е безбедносен ризик за државата заради блискоста со Кремљ.

— реклама —

Џафери ги заклучуваше пратениците во Собранието.

Што уште треба да направи Џафери за Ковачевски да се охрабри и како лидер на СДСМ да побара негова оставка?

— реклама —

Постои основан сомнеж дека и Ковачевски и ДУИ намерно провоцираат сценарио во Собранието кое треба да биде дефокус од реалните проблеми, неспособноста и криминалот на власта.

Оставката на Џафери е основан и логичен чин после целото негово поведение и очекуваме СДСМ на Ковачевски да има барем грам доблест“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања