Џафери-Ларсон Џеин: Со членството на Шведска, НАТО станува поголема и поцврста, а со тоа и севкупната трансатлантска безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Ами Ларсон Џеин.

— реклама —

Премиерот Џафери упати честитки до амбасадорката Ларсон Џеин за членството на Кралството Шведска во НАТО и ѝ предаде писмо со честитки упатени до шведскиот премиер Улф Кристерсон. Притоа, истакна дека со овој историски чин, Алијансата станува поголема и поцврста, а со тоа и севкупната трансатлантска безбедност. Посакувајќи и добредојде на Шведска во НАТО, премиерот Џафери истакна дека, од овој момент, сојузниците продолжуваат да чекорат заедно кон зацврстување и проширување на заедничкото евроатлантско семејство. Тој посочи дека, во услови кога светот се соочува со нарушена безбедност и со предизвици за демократските вредности и принципи од страна на авторитарни актери, секој заеднички потфат е придонес во одржувањето на стабилноста и безбедноста.

Шведската амбасадорка Џеин се заблагодари за честитките и за силната и широка поддршка добиена од Владата и Собранието на Република Северна Македонија во пристапниот процес. Упати посебна благодарност до Џафери, кој и во претходната функција како претседател на Собранието и во сегашната, како претседател на Владата, даде свој личен прилог во процесот. За возврат, истакна дека Шведска ќе биде силен и стабилен партнер во Алијансата и доверлив сојузник на Северна Македонија. Ларсон Џеин се осврна на клучните елементи кои Шведска ги внесува во Алијансата со членството, меѓу кои и силните воени способности на копно, море и воздух, и познавањето на нордиските територии.

— реклама —

На средбата беше констатирано и дека, Северна Македонија и Шведска, во континуитет градат партнерски односи со политички дијалог на високо ниво, и имаат соработка во многу области од взаемен интерес. Премиерот Џафери се заблагодари за конзистентната шведска поддршка на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции, и на важната шведска развојна помош во области кои се корисни за нашите реформи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Не може Талат Џафери да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник, реагира професорката Најчевска

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Џафери до поглаварот Стефан: Просветителското дело на Свети Кирил и Методиј и интеркултурниот потфат се епохални и обврзувачки за доброто на сите

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј и патронатот на Униврезитетот: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

Македонија | пред 1 година

IMG_3977

Средба Џафери – Троказ: Македонија да продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања