Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Џафери, му ја вратил иницијативата за собирање потписи за пописот на Мицкоски, причина не било користено новото уставно име на земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
50251395362_d8f1e0167d_c

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му ја вратил иницијативата за собирање потписи за одложување на пописот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, затоа што во неа не е користено новото уставно име „Република Северна Македонија“ туку старото „Република Македонија“.

— реклама —

Ваквата информација на социјалните мрежи ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој најави дека на седница на Централниот комитет ќе предложи да се почне со собирање граѓански потписи.

„Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува. На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

— реклама —

— реклама —

Тој објави и фотографија од писмениот одговор на Џафери, на која може да се забележи дека е покриен зборот „Севрна“.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања