„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Џафери: На денот кога се слави победата на животот над смртта, Ви посакувам да ја имате сила која ви ја дава верата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Велигденска честитка од Претседателот на Собранието Талат Џафери. Во честитката се вели:

— реклама —

-Ми претставува чест, како од свое име така и од име на Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Дозволете да Ви упатам искрени честитки за добро здравје, душевен мир и среќа. Ви посакувам празниците да ги поминете во убава празнична и домашна атмосфера, опкружени со своите блиски и сакани исполнети со разбирање и убави мисли. На нашите здравствени работници кои се на првата линија на заштита на нашето здравје, им изразувам благодарност и им честитам на храброста и посветеноста. Почитувани, целиот свет е исправен пред сериозен предизвик кој не потсети сите нас на тоа колку е кревок животот, но и колку е силна желбата за живот на целото човештво. Не соочи со вистината дека сме сите еднакви и дека само сплотеноста може да не направи победници. На овој централен празник на христијанството кој ја слави победата на животот над смртта, Ви посакувам да живеете во духот на празникот и да ја имате сила која ви ја дава верата.

— реклама —

Драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден и да Ви посакам убави празнични денови поминати во семеен мир и душевен спокој, се вели во честитката од Џафери.

 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања