Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Џафери не прифаќа ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dzaferi-3

„За прогласување вонредна состојба има соодветна процедура, ама сега не е иста ситуацијата како во 2020 година, кога Собранието беше распуштено, па вонредна состојба прогласи претседателот Стево Пендаровски. Сега Собранието не може да биде прескокнато. Парламентарното мнозинство нема двотретинско мнозинство, ама парламентот има 120 пратеници и може да се состане. Од тој аспект не знам зошто би размислувале за вонредна состојба”, истакна денеска на брифинг со новинарите, претседателот на Парламентот Талат Џафери.

— реклама —

На новинарско прашање, дали се сретнал со координаторите од опозицијата, Џафери рече дека нема што да разговара за ултиматуми, посочувајќи на понудата од Мицкоски да се свика седница со само четири точки, кои се однесуваат на кризната состојба на јужната и на северната граница и на антикризните мерки од петтиот пакет.

“На “Фејсбук” предлагаат се и сешто, во Собрание ги нема да го спроведат тоа. Јас не водам седници на социјалните мрежи, лесно е да зборуваат таму, а овде да блокираат “, рече Џафери.

— реклама —

Според  првиот човек на собранието, опозицијата е таа која блокира и ултимативно уценува иако опозициските пратеници не ја исполнуваат својата обврска да работат.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања