Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Џафери не се поклони на гробот на Делчев, прати други министри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
04022024_ZPVRSM_MK_4

Владино-државна делегација денеска свечено го одбележа 4-ти февруари - денот на раѓањето на великанот и поддржувач на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Владината делегација, предводена од првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ, составена од министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски положија свежо цвеќе и оддадоа почит на истакнатиот револуционер, Гоце Делчев, за неговиот водечки придонес во борбата за слобода и за македонската државност. Не присуствуваше техничкиот премиер Талат Џафери.

— реклама —

Пораките на ликот и делото на Гоце Делчев претставуваат света обврска за сите нас, посебно во процесот на водење на државата кон Европската Унија, креирајќи сплотено општество за сите граѓани.

— реклама —

— реклама —

Настанот во чест на раѓањето на великанот на македонската револуционерна борба, започна со високи државни почести со положување на цвеќе и оддавањето почит кон големиот револуционер, Гоце Делчев, од претставници на државниот врв и од делегациите кои денеска присуствуваа на одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, меѓу кои претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот, претставници од Сојузот на борци од НОАВМ, како и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија.

Меѓу делегациите кои оддадоа почит на великанот Гоце Делчев, беа и претставници на најголемите партии во Северна Македонија.

Владината делегација присуствуваше и на богослужбата посветена на големиот револуционер, Гоце Делчев, со којашто чиночествуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во сослужение на свештенството.

Чествувањето на 152-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, на утринското официјално одбележување во црквата „Свети Спас“ во Скопје беа свечен спомен на пораките на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања