Џафери: Не верувам дека Груевски ќе добие азил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

За време на интервјуто во Алсат, претседателот на Собранието рече дека не верува дека Унгарија, како земја на Европската Унија, ќе му даде азил на поранешниот премиер Никола Груевски.

— реклама —

- Унгарија е членка на Европската Унија и НАТО, а за да учествува во овие заедници, се проценува дека одлуките треба да ги превзема според европските вредности и јас не верувам дека унгарскиот народ ќе прифати да се стави еден црн печат на неговата судбина и неговиот статус како европско заедница со давање политички азил на Никола Груевски - рече Џафери.

— реклама —

За време на интервјуто спикерот додаде дека не може да не му се дава плата на Груевски како пратеник во Собранието, но ќе му се намалува како што минува времето.

— реклама —

- Во моментов, Никола Груевски има мандат за пратеник, и се додека го има мандатот нема правна пречка за запирање на платата, бидејќи платата е определена од статусот на пратеникот. Но, ако не се појави најмалку 3 сесии, платата ќе се намали за 15 отсто и можеме да го направиме токму тоа, како што е предвидено со законот - рече Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања