Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска се обрати пред Меморијалниот центар „АСНОМ“ – Пелинце по повод празникот Илинден.
Тој истакна дека многу мајчини солзи се лееле во минатото за да се доживее сонот на 8 Септември 1991 година, кога Македонија стана независна држава.
„Ако ги погледнеме, многу знајни и незнајни јунаци ги дале животите, многу мајчини солзи, но и многу тажни песни и преданија, се пренесуваат од генерација на генерација, за сонот да живее. Тој сон се оствари на 8-Септември 1991 година. Полни 28 години самостојна драва, секоја година со нови предизвици, но сепак сите заедно успеавме да ги надминеме и да ги оствариме нашите цели. Процесот се уште не е заокружен, а исто се однесува и на интеграцијата во НАТО сојузот. Минатите две години се најжешките години во историјата во Македонија. Беше период на државнички одлуки кои го деблокираа патот кон интеграциите“, истакна Џафери од Пелинце.
Тој, по повод 75 годишнината од првото засадание на АСНОМ и 116 годишнината од Илинденското востание, посочи дека двата Илиндена се столбови врз кои се темели создавањето и зацврстувњето на државата.