„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Џафери: Парламентот не може да се состане повторно претседателот ќе прогласи вонредна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за  МИА вели дека го очекува предлогот на претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски што ќе го проследи до претседателот на државата кој има надлежности за прогласување вонредна состојба во државата.

— реклама —

Џафери го дели мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и  распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно, објави МИА.

Изборите според претседателот на Собранието ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз озносва на член 126 од Уставот

— реклама —

Врз основа на Членот 125 од Уставот  став 4 ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае  по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања