„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Џафери потпиша, албанскиот од вечерва официјален јазик во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
talat-dzaferi-potpis

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на својот официјален Фејсбук профил објави дека го потпишал и го испратил Законот за употреба на јазиците до Службен весник.

— реклама —

Законот за употреба на јазиците предвидува преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.

„Со овој закон паралелно се уредуваат начелата, начинот и одговорноста на институциите да овозможат службена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо vis а vis правото на граѓаните да го употребуваат и применуваат тој јазик во службени постапки. Воедно, се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку отсто“, се вели во образложението на Законот.

— реклама —

Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година или на истиот ден кога во Собранието, но една година подоцна, беа изгласани уставните измени. Законот за јазиците, до официјализирањето чекаше една година, затоа што претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише. Џафери го одложуваше потпишувањето на Законот за јазиците бидејќи во стручната јавност беше спорно, дали документот ќе ја има силината на закон доколку во „Службен весник“ излезе само со потпис на претседателот на Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања