Промени тема
Контакт

Џафери потврди дека власта ги кочи именувањата во Уставен, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

За ВМРО-ДПМНЕ одбивањето на Талат Џафери да ги примени своите законски овластувања и да ја свика седницата на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата за да може да се изберат новите членови на Уставниот суд претставува продолжение на неговите недемократски и политички коруптивни постапки во раководењето со законодавниот дом на Република Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Талат Џафери, блокирајќи ја можноста за избор на членови на Уставниот суд додека не се создаде ново мнозинство во Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, по којзнае кој пат покажа дека продолжува да го реализира сценариото на СДСМ за натамошна партизација на Уставниот суд, чин кој започна со изборот на Добрила Кацарска.

— реклама —
— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ, како и повеќе пати во минатото, му порачува на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да прекине со ваквата лична сервилност кон двоецот Заев-Ковачевски бидејќи забрзано ја носи ја државата кон автократски режим управуван од ДУИ и СДСМ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Талат Џафери дека сталинизмот и комунизмот во кои тој израснал и очигледно се инспирирал, се идеолошки концепти кои одамна се надминати и дека за овие незапаметени преседани носи директна лична одговорност пред граѓаните, но особено пред Уставот и Законите на Република Македонија“, се вели во соопштениетоо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања