Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Џафери: Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dzaferi

Дозволете од свое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, на сите православни верници кои денес го прославуваат големиот христијански празник, Христовото раѓање - Божиќ, да им упатам искрени честитки за овој убав празничен ден, се вели во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери.

— реклама —

Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли кои пак зрачат прекрасна енергија на заедничка среќа и радост, сплотена верба и надеж за подобро утре, посветла иднина, за нас, за нашите деца и сите идни поколенија. Нека биде таа енергија силата која што не води мудро низ сите предизвици што ги носи секој нов ден, секој нов миг. Нека радоста и спокојот што се раѓаат со почитувањето на универзалните вредности, односно човекољубието, взаемната почит, солидарноста и сочувството бидат вообичаено секојдневие за сите нас и мотив за создавање на дополнителни убавини и правење на добри дела за радоста од дарувањето на таа позитивна енергија биде удвоена.

Драги граѓани, Ви посакувам среќа, радост и благосостојба во вашите домови, насмевки на лицата на вашите најблиски и секојдневен напредок на лично поле, што ќе резултира со колективен напредок на земјата и сите граѓани.

— реклама —

Уште еднаш, честит празник и убави празнични денови, се вели во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања