„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Џафери: Преку описменувањето и ширењето на нивното учење, Кирил и Методиј овозможиле голем историски напредок и изградиле цела култура која и денес живее и се развива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од претседателот Џафери за празникот Св. Кирил и Методиј:

— реклама —

Почитувани граѓани, дозволете во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија да упатам искрени честитки по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и да ви посакам срдечни желби за личен напредок и колективно негување на нивната мисија и дела со кои направија епохално влијание врз описменувањето, развојот и културното издигнување на словенските народи, затоа што нивниот неуморен труд и придонес кој ги одбележал нивните животи, е значаен не само за Македонците туку и за сите народи кои припаѓаат и ја негуваат словенската култура и јазици. Преку описменувањето и ширењето на нивното учење, тие овозможиле голем историски напредок и изградиле цела култура која и денес живее и се развива. Културите се белег на човечкиот род и затоа треба да се негуваат и почитуваат како богатство од непроценлива вредност кое насочено во позитивна насока, може да донесе само развој и напредок.

Почитувани, дозволете уште еднаш да Ви упатам искрени честитки по повод 24 мај и да Ви посакам убав празничен ден, се вели во честитката од Џафери.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања