Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Џафери реагира: Собранието не е место каде што Касами може да се обраќа како градоначалник или како претседател на партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, остро реагира кон градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Билал Касами, „кој го злоупотреби Собранието со тоа што ги прекрши воспоставените собраниски процедури за одржување конференции за печат во зградата на законодавниот дом за лична политичка промоција“.

— реклама —

„Имено, во Собранието е предвидена посебна процедура за начинот на одржување конференции за печат за тоа каде и кој сѐ може да го користи тоа право. Во согласност со тоа прес-центарот во законодавниот дом е наменет исклучиво само за пратениците од тековниот мандат, па така нејасно е во кое својство денеска Касами присуствуваше и говореше на ненајавената прес-конференција во Собранието. Како поранешен пратеник Касами би требало да е упатен во процедурите на законодавниот дом и да знае дека Собранието не е место на кое тој може да се обраќа било како градоначалник или како претседател на партија“, реагира претседателот на Собранието преку писмено соопштение.

— реклама —

„Освен тоа, во прекршувањето на собраниските правила и норми на Касами му се приклучија и го поддржаа уште неколку други пратеници, кои во спротивност со воспоставените правила му овозможија да се обрати од прес-центарот во Собранието, од местото предвидено исклучиво за изјави на народните избраници“, се додава во соопштението на Џафери.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања