Џафери: Се најде решение за учениците од Медресето Иса Беу во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Денес, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со Реисул -Улемата на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Хз. Хфз. Шаќир еф. Фетаи.

— реклама —

На средбата, главниот фокус беше на последната одлука на Владата на Република Северна Македонија, донесена на седницата на 26 март 2024 година, со која се дава одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ - во село Кондово, Скопје, акредитирано и со редовен статус на гимназија. Оваа одлука, претставува решение за долгогодишниот проблем со кој се соочуваа учениците од Медресата Иса Бег во Скопје, кои откако ќе завршеа средно образование во исламската гимназија, не можеа да се запишат на универзитетски студии на факултетите во земјата, што за нив претставуваше голем хендикеп и дискриминација. Воедно, ова е прашање за кое премиерот Џафери изрази интерес и за време на неговиот мандат на претседател на законодавниот дом, кога се обврза да оформи работна група која ќе изготви законско решение со кое ќе се регулира статусот на верските училишта кои се исклучително важни за постигнување на повисока меѓу-религиска толеранција и превенција од какво било застранување од изворното учење.

Еф. Фетаи, изрази благодарност за средбата и признание за упорноста и посветеноста на премиерот Џафери во наоѓање на модус со кој ќе се оствари оваа цел и конечно и учениците што ја следат наставата во Медресето Иса Беу, ќе може рамноправно да се вклучат во високообразовниот систем во Република Северна Македонија. Наставата во Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ ќе се изведува на македонски, на албански и на турски јазик. Ќе се организира и остварува настава за средно гимназиско образование согласно наставните планови и програми одобрени од Министерството за образование и наука и согласно Законот за средното образование.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Не може Талат Џафери да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник, реагира професорката Најчевска

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Џафери до поглаварот Стефан: Просветителското дело на Свети Кирил и Методиј и интеркултурниот потфат се епохални и обврзувачки за доброто на сите

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј и патронатот на Униврезитетот: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

Македонија | пред 1 година

IMG_3977

Средба Џафери – Троказ: Македонија да продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања