По реакциите во јаноста синоќа во Собранието беа прекршени сите безбедносни протоколи за заштита на јавното здравје и, преку противправно внесување на суспектен или заразен пратеник, беше ставено под огромен ризик здравјето на сите пратеници, објаснување од кабинетот на претседателот на собранието Талат Џафери.
Тие велат дека пратеникот не бил воопшто на седница, затоа што не се чувствувал добро и дека истиот не е ни изолиран нити тестиран за КОВИД 19. Според нив од колегијален аспект Зибери го информирал претседателот на Собранието дека не се чувствува добро , по што Џафери по протоколот на здравствената комисија овозможил пратеникот да гласа на горниот кат во посебен простор определен за таа немена.
Од кабинетот уште додаваат дека пратеникот дошол само во моментот на гласањето, по што по гласањето веднаш се вратил во лифтот и немал контакт со никого. По заминувањето на пратеникот се било дезинфицирано.
Од кабинетот уште додаваат дека Претседателот на Собранието целосно и доследно ги почитува препораките дадени од комисијата за заразни болести.