Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Џафери се сретна претседателот на Албанија Илир Мета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2-al

На денот на свечената  инаугурација на новиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, меѓу присутните странски државници на инаугурацијата беше и Претседателот на Република Албанија Илир Мета. По завршувањето на седницата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери се заблагодари на претседателот Мета, за присуството на оваа свечена седница, на овој голем ден за нашата земја, на кој ден се означува успехот на новоизбраниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски по изборниот процес завршен на 5 мај 2019 год, со што тој е избран како петти претседател на земјата.

— реклама —

Претседателот Мета, се заблагодари на поканата и изрази задоволство за успешно спроведените претседателски избори во Република Северна Македонија а на новиот претседател на државата му посака успех во исполнувањето на неговата значајна должност.

— реклама —

Двајцата соговорници беа едногласни во однос на продолжувањето на одличните односи на сите нивоа и во иднина, и дека очекува заедно со Република Северна Македонија да добијат и конкретен датум за почеток за преговорите за членство во ЕУ во јуни оваа година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања