Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Џафери се сретна со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Сeкинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
4

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, придружуван од генералниот секретар г-ѓа Цветанка Иванова, оствари средба со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Сeкинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа поздравени пријателските односи кои се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и взаемното почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и рамноправноста на двете земји.

— реклама —

Директорот Хе информираше за работата на Комисијата за социјални развојни работи, како една од десетте комисии на Сeкинескиот народен конгрес, која се занимава со прашања на вработувањето, социјалната заштита, безбедноста при работа, заштитата на правата на жените и децата, и тоа преку својата законодавна и преку надзорната функција за спроведување на донесената регулатива. Претседателот Џафери се осврна на новиот закон за социјална заштита донесен од Собранието, со кој се зголемуваат обврските на институциите за одредени категории на граѓани и изрази спремност за споделување на искуства во решавањето на одредени прашања од социјалната сфера.

— реклама —

Двете страни се согласија дека директните средби и размената на мислења и искуства значително придонесуваат за унапредување на пријателските врски меѓу двете држави и за создавање на поволен амбиент за соработка во различни области од заеднички интерес.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања