„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Џафери се сретна со министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
4-5

Денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери со министерот за надворешни работи на Република Литванија, г. Линас Линкевичиус кој престојува во официјална посета на Република Македонија, помина во пријателска и конструктивна атмосфера и на истата беа разменети повеќе информации и мислења околу идната соработка на двете земји како на билатерален така и на мултилатерален план, особено во рамките на нашите Евроатлански интеграции.

— реклама —

Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи му добредојде на гостинот, изрази задоволство и благодарност до Литванија за целокупната досегашна поддршка на нашиот евроатлански, при што ја потенцираше и соработката во рамките на Вилнус групата. Претседателот Џафери го информираше Литванскиот министер дека сега по заокружувањето на обврските околу ратификацијата на Преспанскиот Договор, законодавниот дом ќе продолжи да игра клучна улога во донесувањето на потребните реформски закони и во тој контекст истакна дека очекува до средината на месец Февруари 2019 година да се усогласат и донесат со забрзано темпо, со цел да се исполнат претстојните обврски до јуни оваа година, кога очекуваме и датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Министерот Линкевичиус се заблагодари на можноста за средба со претседателот Џафери и на самиот почеток подвлече дека неговата денешна посета на Република Македонија ја доживува многу поразлично од неговата претходна посета бидејќи „сега, истакна тој, гледа светла иднина за Република Македонија“. Литванскиот министер даде посебен осврт за досегашната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на проектите и програмите на ЕУ за помош и поддршка на нашата земја во различни области како, финансискиот сектор, јавната администрација, јавниот менаџмент, владеење на право итн. Тој се согласи за улогата и важноста на парламентите во наредниот период на отворање на пристапните преговори и поглавјата со ЕУ и потенцираше дека треба целиот капацитет да се вклучи во реформските процеси.

— реклама —

Претседателот Џафери, апелираше до парламентарните групи за соработка на двете земји да ја интензивираат својата комуникација во наредниот период со длабоко уверување дека со продлабочување на парламентарната соработка на сите нивоа, ќе се олесни и нашето приближување кон ЕУ а и економската соработка ќе се издигне на едно повисоко ниво. Оваа констатација беше едногласно прифатена од двајцата соговорници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања