Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Џафери се сретна со претставници од Проектот за парламентарна пракса, Исток - Запад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
2-2-1

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со директорката на Проектот за парламентарна пракса Исток-Запад, Џил Адлер проектниот менаџер, Елена Саботина и Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија во Владата на Република Северна Македонија.

— реклама —

По воведните поздрави за добредојде двајцата соговорници, претседателот Џафери и г-ѓа Адлер се потсетија на соработката која оваа организација ја имала со Собранието во минатото и која резултирала со неколку успешно завршени проекти.

— реклама —

— реклама —

Мисијата на Проектот за парламентарна пракса, Исток-Запад е зајакнување на парламентарната демократија, промовирање транспарентност и одговорноста во управувањето и давањето поддршка на граѓанското учество во процесот на донесување одлуки. Претседателот Џафери ја запозна г-ѓа Адлер со актуелните парламентарни случувања. Таа го искажа своето позитивно мислење за одличниот напредок кој го има остварено Република Северна Македонија во изминатиот период и упати честитки за брзата динамика на ратификување на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО во националните парламенти.

— реклама —

Претседателот Џафери ја истакна значајноста на парламентарната дипломатија и соработка. Во разговорот тој ја потенцираше успешната соработка со меѓународни организации и донатори кои го подржуваат јакнувањето на капацитетот, унапредувањето и осовременувањето на функционирањето и работата на Собранието. Притоа истакна дека во рамки на Собранието пратениците формираат групи кои понатаму се концентрираат на одредени прашања кои го засегаат општеството. Исто така укажа дека Собранието е отворено за соработка во области кои се значајни за целокупниот општествен развој. Госпоѓа Адлер информираше за соработката со парламентите на земјите од регионот и укажа дека нивното работење е тематско а темите кои ги покриваат моментално се младите, нивната невработеност и одржливиот развој. Двајцата соговорници искажаа задоволство од остварената средба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања