Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Џафери се сретна со со Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
11

Во Европскиот парламент во Стразбур, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, како и потпретседателката Клара Добрев.

— реклама —

На средбата, претседателот Џафери изрази благодарност до Европскиот парламент за континуираната силна поддршка на процесот на проширување на Европската унија и поддршката на европратениците за Северна Македонија безусловно да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Тој понатаму нагласи дека, нашите очекувања беа дека по позитивните заклучоци на Советот на ЕУ во 2018 и 2019 година, ќе добиеме признание за остварените реформи и за преземените сериозни политички одлуки за исполнување на препораките на ЕУ. Претседателот Џафери нагласи дека разбирливо, разочарувањето од одлуката на Европскиот совет да го одложи одредувањето на датум за почеток на преговорите со Република Северна Македонија е големо. Тој истакна дека, за нас е прифатливо унапредувањето на методологијата за пристапните преговори, но не се прифатливи какви било евентуални алтернативи на процесот на приклучување, односно, ставање на земјата во категоријата на соседството на ЕУ. Истакнувајќи дека Берлинскиот процес е комплементарен на евроинтеграцискиот процес преку кој земјите од Западен Балкан можат да постигнат забрзан реформски напредок, ја повтори посветеноста кон процесот во интерес на поскора интеграција кон Европската Унија.

— реклама —

[caption id="attachment_70282" align="alignnone" width="1000"]  [/caption]

— реклама —

Претседателот Сасоли истакна дека е направена грешка со недоделувањето на датум за почеток на преговорите, но дека поддршката која доаѓа од големо мнозинство на пратеници од Европскиот парламент ќе продолжи и во иднина. Во таа насока беше спомната најавената посета на претседателот Сасоли на почетокот на ноември.

— реклама —

Потпретседателката Добрев истакна дека во идниот период се планира поинтензивна соработка со Собранието на Република Северна Македонија со цел да се врати довербата на граѓаните во европската иднина на земјата, која поради разочарувањето од одлуката на Европскиот совет, можно е сега да се чини подалечна.

фото: СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања