Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Џафери се жали од ДПМНЕ бидејќи одбиваат да прават кворум, а двајца пратеници се во изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
50251395362_d8f1e0167d_c

Пропадна одржувањето и на утрешната собраниска седница, бидејќи нема кворум поради тоа што двајца пратеници се во изолација како последица на коронавирусот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кажа дека побарал кворум да направи опозицијата, но од ВМРО-ДПМНЕ поставиле услов, кој тој одбива да го прифати. На дневниот ред има и две интерпелации на двајца министри. Следна шанса да се одржи пленарна седница на Собранието е во четврток, кога еден од двајцата изолирани пратеници треба да излезе од изолација.

— реклама —

„На деветти март свикав седница која треба да се одржи утре, 23 март. На утрешната седница се поставени 30 точки за разгледување. На денешната координација имајќи ја во предвид здравствената состојба на пратениците, меѓу нив и на двајца од мнозинството дека се изолирани и спречени да учествуваат во утрешната работа, како прва точна на координацијата прашав за кворумот. На оваа координација имаше условување. Прва реакција беше на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, кој укажа дека се подготвени да прават кворум, но под услов, од 30 точки на дневен ред, да останат 1, 9,10, 11 а другите да се тргнат од дневен ред. Прво тоа е процедурално невозможно и укажав дека ако се воспостави таа пракса, тоа ќе биде и во иднина пракса за нови условувања. Тие побараа другите точки да не се разгледуваат, укажав дека внесување на такво правило е ризично за функционалноста на Собранието во иднина, не само во овој мандат. Воспоставена пракса на условување на точките на дневен ред. Така што, ни лично, ни институционално, такви услови нема да прифатам бидејќи се спротивни на Деловникот. Јас ќе почекам неколку дена. До четврток, едниот од пратениците треба да биде ослободен од изолацијата и соодветно да одговориме со мнозинство“, рече Џафери.

Тој одново побара сите пратеници да се вратат на работа.

— реклама —

„Апелирам до пратениците да се разумни, овде се во име на граѓаните, без оглед на оправдувањето дека претставуваат граѓани кои гласале за опозицијата. Собранието не е на власта или опозицијата. Законите и тоа што произлегува од нив се за граѓаните на Македонија, а не за граѓаните кои гласале за власта или опозицијата. Блокираните закони се во интерес на граѓаните. Ова блокирање не им оди во прилог на граѓаните и државата. Апелот е да се вратат на работа и да го работат она за што се платени“, додаде Џафери.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања