Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Џафери со честитка за денешниот празник: Сплотени да не заборавиме да бидеме на вистинската страна, да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Претседателот на собранието, Талат Џафери испрати честитка по повод денешниот празник - 11 октомври

— реклама —

Искрени честитки по повод денешниот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание од име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име.

— реклама —

На овој историски ден кога се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот - најголемото зло во историјата, и почетокот на неизвесното меѓутоа решително спротивставување против окупацијата, насилството, поделбите, понижувањето и дискриминацијата помеѓу луѓето, повторно се потсетуваме на таа генерација слободољупци и пожртвувани сограѓани кои не се двоумеа во ниту еден миг за тоа на која страна да и се приклучат и да го положат најскапоценото.

Уверени, како што сме и ние сега во ова турбулентно време на војна во Украина, меѓутоа и на општа неизвесност во поглед на привидниот мир во светот уверени, за тоа каде да ја дадеме нашата институционална, политичка, материјална и морална поддршка како држава и како граѓани. Денес, битката се води во повеќе димензии и предизвикот е повеќекратно поголем. Покрај животната егзистенција, во прашање е и економската, енергетската и здравствената криза која надвиснала над светот како темен облак. Затоа, сплотени и единствени како граѓани и како човечки суштества, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да градиме стабилна и сигурна иднина за идните поколенија.

— реклама —

Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден!

— реклама —

Честит 11 Октомври - Денот на народното востание!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања