Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Џафери со честитка за празникот Св. Климент Охридски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

Претседателот на Собранието, Талат Џафери испрати честитка по повод празникот Св. Климент Охридски.

— реклама —

Честитката ви ја пренесуваме во целост

— реклама —

Дозволете од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име на сите православни верници на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, граѓани на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски, празник на основоположникот на црковниот живот во Република Северна Македонија и ревносен ученик на светите

браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија, најдобар пример за тоа како да се допре до срцата и умот на следбениците за да се постават солидни основи за произведување на трајни вредности кои покрај тоа што се значајно наследство за идните поколенија, се и скапоцен дар за светското духовно и просветителско наследство.

— реклама —

Затоа, обврска и чест е посветено да се негува тоа наследство, да се надгради и збогати со сета духовна и просветителска разноликост што е одлика на нашето општество. Просветлувањето на умот и издигнувањето над тесно градното гледање на светот е единствениот пат на обединувањето на граѓаните за напредокот на нашата заедничка држава, Република Северна Македонија.

— реклама —

Почитувани граѓани, уште еднаш Ви го честитам празникот и Ви посакувам добро здравје, мир и радост за Вас и Вашите блиски и сакани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања