Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Џафери упати честитка по повод Националниот ден на Власите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dzaferi-talad

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на влашката заедница по повод Националниот ден на Власите.

„Почитувани сограѓани, припадници на влашката заедница,

— реклама —

Ми претставува особена чест и задоволство од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија да Ви го честитам 23 мај, Националниот празник на Власите.

— реклама —

Република Македонија е богата земја, богата со многу празници, со многу заедници, јазици, култури и вери. Таа е слика со илјада бои во која секоја си наоѓа свое катче во кое ја изразува својата посебност и убавина и за да биде сликата цела, секој треба да ја чувствува и негува со почит и разбирање.

— реклама —

Почитувани граѓани,

Придонесот на влашката заедница во Република Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата. Власите се познати како богат и учен народ, имаат многу истакнати личности кои живееле и работеле во нашата држава, активно вклучени во политиката, во уметноста, во науката, во културата, образованието и медицината. Затоа, дозволете да изразам благодарност и почит кон вас. Да продолжиме и во иднина да чекориме заедно напред, кон креирање на заедничка успешна приказна, темелена на взаемна почит и доверба, сплотени во нашата различност а сепак единствени во остварување на заедничките цели.

Дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам Националниот ден на Власите и да Ви посакам многу успех и добросостојба“, се вели во честитката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања