Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Џафери: Верата овозможува полесно да се пребродат тешките моменти, учејќи на сила и личен раст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
50251395362_d8f1e0167d_c

Честитка од претседателот на собранието Талат Џафери за големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Во честитката се вели:

Драги граѓани верници на православното христијанство,

— реклама —

Ми претставува задоволство да Ви го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Би сакал да Ви испратам искрени честитки за добро здравје пред сѐ, за душевен спокој и радости во домовите и мир меѓу вас и вашите блиски. Во изминатите месеци, соочени сме со сите предизвици кои ги носи пандемијата на вирус кои можат да имаат фатални последици и затоа, сите ние мораме да посегнеме кон поголема внатрешна сила и издржливост за да го прифатиме и живееме новото нормално. Верата овозможува полесно да се пребродат тешките моменти, учејќи на сила и личен раст. Да ги негуваме сите позитивни вредности на кои не учат сите вери и верските празници како овој празник, кој ја носи пораката на човечноста и разбирањето.

— реклама —

На сите православни христијани, граѓани на Република Северна Македонија, им посакувам убав празничен ден поминат во чествување на празникот Голема Богородица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања