Собранискиот спикер Талат Џафери видно нервозен, ги искара пратениците и Игор Јанушев поради речникот употребен на говорницата и навредливите зборови кои си ги упатуваат пратениците. Пратеникот Игор Јанушев во своето завршно обраќање, удираше врз говорницата во собраниската сала, за што заработи силен аплауз од сопартијците, но и опомена од спикерот Талат Џафери.
„Во кој парламент има лупање на маса и викање? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене. Колегијално, не ми дофрлувај додека зборувам, Игоре, остро му се обрати Џафери на Јанушев. Треба да знаете дека сте во собрание, а не на партиска конференција. Не сте веќе во кампања и таму тоа не се прави“, му се обрати Џафери на Јанушев.
Реакциите на пратениците следа по говорот на пратеникот Игор Јанушев кој го нарече Заев топ-шоп мандатар зошто тој секогаш велел и ветувал дека може повеќе.