Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Џафери за „Дојче Веле“: Владата е на граѓаните и на државата, изборот на премиер Албанец значи зацврстување на европските вредности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
29012024_Dzaferi_izjava_2

Премиерот Џафери во интервју за „Дојче Веле“ посочи дека со оглед на неговото долгогодишно политичко и институционално искуство се чувствува комотно во извршувањето на новата функција премиер. Тој се осврна на фактот дека Владите им припаѓаат на граѓаните и на државата, а не на партиите и дека институциите не може да се третираат како нечија лична сопственост. Воедно, во интервјуто тој посочи дека она што е важно и приоритет по неговото доаѓање на функцијата е институцијата која ја предводи да продолжи да биде функционална и да продолжи да носи одлуки во интерес на потребите на граѓаните.

„Владата е на граѓаните и на државата, така да, како институција не може да се третира како моја, ваша, твоја Влада. Владата си е на државата, а учесници во таа Влада се различни субјекти според нашите актуелни состојби, во смисла на шареноликоста на политичките субјекти кои што учествуваат“, потенцираше премиерот Џафери.

— реклама —

Во однос на изборот на Албанец за премиер, премиерот Џафери посочи дека тоа е пред сѐ додадена вредност на реформите што се случуваат во земјава со оглед на фактот дека овој избор на подолг рок ќе значи промена во перцепциите како во однос на правото и можноста сите граѓани да управуваат со земјата, но и во однос на одговорноста која ја носи тоа управување.

— реклама —

Во таа насока, тој истакна дека е многу важно, сите граѓани, без разлика на етничката припадност, да имаат удел и директно учество во управувањето и функционирањето на државата, затоа што тој пристап значи и зајакнување на чувството на припадност на сите граѓани, но значи и зацврстување на европските вредности.

— реклама —

„Сите ние имаме исти обврски кон државата. Сите ние придонесуваме за државата и нормално е да треба да имаме сите право да управуваме и со институциите“, истакна премиерот Џафери во интервјуто за „Дојче Веле“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања