Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Џафери: За време на мојот мандат никогаш не бев воден од политичките интереси на мојата партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Талат Џафери, говорејќи за тоа што неговата партија ДУИ го доби местото претседател на Собранието, оцени дека е свесен дека имало скептицизам и страв кај граѓаните, но дека докажал дека Албанец на важна позиција не е бауч, јави дописникот на МИА од Белград.

— реклама —

– За време на мојот мандат никогаш не бев воден од политичките интереси на мојата партија. Јас бев претседател на сите народни претставници и комуницирав директно со секој од нив, пред или зад окото на камерата. Со оглед на контекстот во кој бев избран на оваа позиција, по многу тешка криза и биполаризација на нашата земја, а доаѓајќи од албанска политичка партија, мене можеби ми беше полесно за нијанса да соработувам со сите директно – кажа Џафери во интервјуто за денешна белградска „Политика“.

Според него, резултатот на тоа е дека нивото на конструктивен дијалог и култура на дебатата се искачи на високо ниво – сите, и власта и опозицијата, учествуваа конструктивно во работата на Собранието, што е регистрирано во извештајот на Европската комисија за напредок за земјата.

— реклама —

Тој оцени дека тоа дејствувало позитивно и врз релаксирањето на односите меѓу двете најголеми етнички заедници во земјатa.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања