Легендарниот напаѓач Џејми Варди, дури и на 40-годишна возраст, планира сензационално враќање во англиската Премиер лига.
Варди ќе го напушти италијанскиот Кремонезе по само една сезона, откако клубот испадна во Серија Б. Неговиот договор содржел клаузула според која ќе остане само доколку тимот обезбеди опстанок во елитата.
Поранешниот англиски репрезентативец смета дека сè уште има квалитет за настап на највисоко ниво во Англија, а веќе постои почетен интерес од неколку премиерлигашки клубови.
Иако играше во тим што се бореше за опстанок во една од тактички најтешките лиги во Европа, Варди минатата сезона постигна седум голови, меѓу кои и против Јувентус.
Клубовите од Премиер лигата веруваат дека неговото искуство и победнички менталитет и натаму можат да бидат од голема корист, дури и во помала улога во тимот.
Кариерата на Варди важи за една од најневеројатните приказни во модерниот фудбал. Откако како 16-годишник бил одбиен од Шефилд Венсдеј, настапувал за аматерски клубови пред Лестер во 2012 година да плати еден милион фунти за неговиот трансфер.
До заминувањето од Лестер минатото лето одигра 500 натпревари и постигна 200 голови. Со клубот ја освои историската титула во Премиер лигата, ФА Купот, Комјунити Шилд и две титули во пониските англиски лиги, а беше прогласен и за најдобар играч во Премиер лигата.
За репрезентацијата на Англија настапи 27 пати.