„ЏЕЗТЕТИКА“ - промоција на книга фотографии од Татјана Ранташа денес во МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
45-Kabadayas

Денес, со почеток во 13:00 часот (и ќе трае сè додека владее добро расположение), на платото пред МКЦ, ќе се одржи матине-промоцијата на првата книга фотографии на Татјана Ранташа, облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев, наречена – Џезтетика.

— реклама —

Книгата се состои од портрети на 50-тина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионален фотограф што ги бележи сите позначајни музички настани во нашиот град. Оваа збирка фотографии е производ на долгогодишно ‘висење’ на авторката по концерти, клубови, проби и дружење со музичарите, еден цел живот испреплетен и оплеменет од нашата музика.

— реклама —

Фотографиите се медиум што на гледачите им ја пренесува магијата на музиката, но во исто време се и документ за едно време, луѓе и настани од нашето блиско минато, а самата книга е своевиден печат и спомен на она што сме го поминувале и доживувале на нашата музичка сцена сите овие години.

— реклама —

За сето тоа да помине во уште поубава и разиграна атмосфера ќе се погрижат ЗЏМ-Колективот и Ален Хаџи-Стефанов преку радиото Jazz FM.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања