Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Џибони и Влатко Стефановски на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
2-6

За да авалонскава година заврши како што треба, со навистина огромен ќеиф ви најавуваме: најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември!

— реклама —

Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.

За Gibonni нема што да се каже, се` се знае, човек со премногу добри песни од кои секој од нас има понекоја своја и човек кој прави фантастични настапи!

— реклама —

За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, се одлучивме пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио.

Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni, но нашата заедничка желба беше истата вечер да уживате и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд.

Имено, кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол, ве информираме дека честа да го отвори фестивалот ALL YOU NEED IS LOVE, ќе ја има скопскиот фуриозен бенд FUNK SHUI.

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн преку Avalon.mk“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања