Џони Деп ќе ги донира парите од спогодбата за клевета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
7f09c7bc3788b29cfd182ef095d2d1bc

Џони Деп ќе донира дел од парите од спогодбата со поранешната сопруга Амбер Херд во случајот за клевета на пет одделни добротворни организации.

— реклама —

Минатата година, целиот свет со големо внимание го следеше судскиот спор меѓу поранешната холивудска двојка Џони Деп и Амбер Херд. Деп поднесе тужба против Херд поради текст што таа го напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година, во кој се опиша себеси како жртва на семејно насилство. Иако Деп не се споменува по име во текстот, тој ја тужеше Херд за тврдењето дека е домашен насилник.

— реклама —

Актерот ќе ги донира парите во пет различни добротворни организации и ќе им додели по 200.000 долари на секоја од нив. Тој избрал организации кои им помагаат на болни деца, кои се грижат за животната средина, но и оние кои обезбедуваат безбедно домување на недоволно згрижените заедници.

— реклама —

Фондацијата Make-A-Film, The Painted Turtle, Red Feather, Tetiaroa Society и Amazonia Fund Alliance се петте добротворни организации кои ќе добијат донации од по 200.000 долари, во вкупен износ од 1 милион долари, потврди извор близок на Деп за „Холивуд репортер“.

„Амазонија фанд алијанс“ е група непрофитни организации и компании усмерени на одржливост, а кои се фокусираат на заштита, поддршка и зачувување на домородните заедници во Амазон, додека Red Feather работи на развивање и имплементација на решенија за домување за домородните заедници во Америка.

Фондацијата Make-A-Film соработува со истакнат холивудски талент за да им исполни желби на деца со сериозни или опасни по живот здравствени состојби, а која претходно работеше со Деп на краток филм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања