Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ДЗС апелира до граѓаните да не палат огнови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
petrovec-pozar

Поради зачестените полски и шумски пожари деновиве, Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.

— реклама —

Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите.

Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација.

— реклама —

Исто така, граѓаните не треба да вршат палење на отпад и друг горлив материјал и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку забележат пожар на отворен простор граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции.

Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гасење на пожарот.

Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи ситуацијата со пожарите во државава и реагира онаму каде што е потребно, во интерес на граѓаните и животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања