Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДЗС со препораки до граѓаните поради најавите за топлотниот бран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
toplo-vreme-768x556

Дирекцијата за заштита и спасување согласно најавите на УХМР за топлотниот бран со температури до 40 степени, апелира до граѓаните да ги почитуваат основните препораки за однесувањето во вакви услови.

— реклама —
— реклама —

Тоа значи да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, граѓаните да не палат оган на отворен простор и во шума, отпад и друг горлив материјал и стрништа и меѓи. Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

— реклама —
— реклама —

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања