Промени тема
Контакт

Ѕвезда 30 пати поголема од Сонцето експлодираше, научниците го следеа целиот процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library25blid4ggtmabjlPbiw
unsplash

Астрономите за првпат по долго време имаа можност да ја набљудуваат експлозивната смрт на масивна ѕвезда речиси од самиот почеток до крајот, што им овозможи нови сознанија за процесот на создавање супернова.

Набљудувањата започнале во март, кога кинескиот вселенски телескоп „Einstein Probe“ регистрирал краткотраен блесок на рендгенски зраци. Станува збор за сигнал што се создава кога ударниот бран, предизвикан од експлозијата во јадрото на ѕвездата, ќе ја пробие нејзината површина.

Според научниците, ваков феномен се случува при секоја супернова, но исклучително ретко се забележува бидејќи трае многу кратко. Последен пат ваков настан бил регистриран во 2008 година.

— реклама —

По првичното откритие, астрономите ги насочиле и рендгенскиот телескоп „Чандра“, како и повеќе копнени телескопи, следејќи ја ѕвездата речиси три месеци, сè додека суперновата не исчезнала зад Сонцето.

Ѕвездата се наоѓала на околу 500 милиони светлосни години од Земјата, во релативно блиска галаксија. Пред експлозијата се проценува дека имала маса околу 30 пати поголема од Сонцето.

Истражувачите сметаат дека по експлозијата останала црна дупка – исклучително густ космички објект со толку силна гравитација што ниту светлината не може да избега од неа.

— реклама —

Резултатите од двете истражувања се објавени во научното списание Astrophysical Journal Letters.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања