„Е, до каде ја дотравме! Од бесплатно здравство во ЕУ, до страв да му е на човек од доктор и болница“ - коментар на денот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-7660PM

Скулптор и етнолог Елена Оровчанец-Спироска на социјалните мрежи ја коментираше состојбата во Македонија. Низ ситуација на која била сведок во Аеродром, ја доловува суштината на еден од проблемите на граѓаните - парите.

— реклама —

„Е, до каде ја дотравме! Од бесплатно здравство во ЕУ, до страв да му е на човек од доктор и болница. Побрзо ќе ја трпи маката или, не дај боже, ќе умре отколку да влезе во болница.

— реклама —

Се враќам од пазар во Аеродром и преминувам улица, кај Капитол, на пешачки. Пред мене повозрасна жена, со видливи здравствени проблеми со коските и движењето. Се вклучи зелено за пешаци. На сред пешачки жената падна. Ја повреди главата, од слепоочница почна да и тече крв. Притрчавме да ја дигнеме и префрлиме на тротоар. Притрча друга жена која кажа дека е лекар.

— реклама —

"Викнете брза помош", рече докторката, иако веќе вртевме за да викнеме. Кога тоа го слушна повредената жена рече дека не сака брза помош. Докторката и рече дека мора да и ја снимат главата и дека брзата помош е бесплатна. Ниту така не се согласи. "Ќе ми бараат пари, немам", кажа жената.

Сепак беше викната брза помош. Се надевам дека жената е добра. Да ти се плукнам во државата во која човек побрзо би умрел отколку да влезе во болница, од страв дека нема пари за да плати“, напиша Оровчанец-Спироска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања