Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Еден ден откако Ковачевски станува мандатар, на фирмата основана од него се префрлени над 203 илјади евра државна помош, тврди Лефков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mile05102022

„Еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, фирмата основана од него Пиксел груп која е основана токму од него добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра“ вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

„Значи Ковачевски со мандат за премиер, а неговата Пиксел добива државна помош од огромни 203 илјади евра.

— реклама —

Ова е најголемата во низа исплати од над половина милион евра извршени од владата и ФТИР кон Пиксел груп основана од Ковачевски во периодот од 2019 до 2021 година.

А зошто тесна клика околу дезертерот Ковачевски ја нарекуваме соларен картел ќе објасниме во продолжение.

Имено покрај земените 2 милиони евра државни тендери, фирми од соларниот картел овозможиле богатење и на други фирми и лица, и со нивна помош се испумпани милиони народни пари.

— реклама —

Се наметнува сомнение дека преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски, Горанчо Паунов, овозможена е можна злоупотреба во општина Гази Баба додека градоначалник на општина бил кадар на СДС.

Имено фирмата на кумот на Ковачевски е надзор на проектот за изградба и реконструкција на улично осветлување, а заврши во обвинителство, заради незавршени работи, кои биле наплатени со помош на потписот на надзорниот орган претставуван од кумот на Ковачевски.

— реклама —

Со проектот за улично осветлување во Гази Баба, наплатени се бандери и сијалици кои воопшто не биле поставени, а сето тоа не би можело да биде случај без потпис од фирмата на кумот на Ковачевски.

Се наметнува основа за верување и прашањето: дали потписот на кумот на Ковачевски овозможил злоупотреба во постапка од над 11 милиони денари?

Со ова гледаме дека соларниот картел, покрај директна корист за себе, има индикации дека помогнал и при правење на низа други незаконити дејствија, со кои се испумпани милиони народни пари.

— реклама —

Уште во колку вакви криминални тендери е вмешан кумот на Ковачевски, и колкав криминал е овозможен?

Ковачевски да почне да дава одговори, а ние продолжуваме со детали“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања