„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Еден од убиените на „Рузвелтова“ е брат на Џељо Ајети, кој беше изрешетан во Сингелиќ пред пет години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
uzveltova

Првата жртва што почина во синоќешната престрелка на „Рузвелтова“ е Наим Ајети, кој е пак брат на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој загина изрешетан во својата чајџилница во Сингелиќ пред пет години, објавува Фокус.

— реклама —

Како што информираа од МВР, 44-годишниот Наим од здобиените повреди од истрели починал на лице место. Во пукањето, кое се одвиваше синоќа на полноќ, почина уште едно лице, додека третиот од  „Сеат алтеата“ кон која биле насочени истрелите од џипот „Лендровер“, е хоспитализиран на КАРИЛ.

Братот Наим, Џелал Ајети беше убиен на 46-годишна возраст во ноември 2013 година во неговата чајџилница „Кај Џељо“ во скопската населба Ченто. Убиецот, маскиран во фантомка, со калашников влегол во чајџилницата и испукал најмалку 30 куршуми, пипшува Фокус.

— реклама —

Џељо важеше за влијателна фигура во скопското подземје, беше познат како нарко бос и за него се ширеа информации дека се занимавал со лихва.

Убиство од небрежност, учество во тепачка, загрозување со опасно орудие, насилство се дел од кривичните дела кои му се ставаа на товар. Против него во текот на неговиот живот биле поднесени 18 кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања