Промени тема
Контакт

Еден охриѓанец и двајца стружани се уапсени, направен претрес и во „ауди“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ohrid-turisticka-42

На 21.02.2022 околу 14.00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Г.М.(46) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —
— реклама —

На 21.02.2022 околу 19.00 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода А.Д.(28) и В.Т.(28), двајцата од струшкото село Велешта. При преглед во возило „aуди“, со кое се превезувале, полициските службеници кај А.Д. пронашле и одзеле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Исто така, при претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања