Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Единаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
fwergarhtrh-160345

Со полагање цвеќе на спомен – обележјето кај катлановско Блаце, денеска ќе се одбележат единаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

На спомен одбележјето во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот  на АРМ, Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада, прва механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година околу 9 часот и 30 минути полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ од базата Бутмир кај Сараево.

— реклама —

Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.

Во несреќата животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

— реклама —

 

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања