Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Единаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
soobrakajka

 Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

— реклама —

— реклама —

СВР Скопје информира дека од сообраќај се исклучени шест возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 23 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило, двајца почетници и 27 нерегистрирани возила.

Полицијата казнила и 26 возачи кои разговарале на мобилен телефон, 15 возачи поради не носење сигурносен појас и пет возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради не носеле заштитен шлем.

— реклама —

Превземени се мерки и против тројца возачи кои поминале на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, тројца за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување. Санкционирани се и двајца пешаци кои направиле сообраќаен прекршок.

— реклама —

За непрописно паркирање издадени се 121 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања