ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Безбедносно и политичко поврзување меѓу Македонија, Албанија и Бугарија е опасна авантура на Бујар Османи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Единствена Македонија изразува длабока вознемиреност и загриженост од најновата иницијатива на Бујар Османи за тројно поврзување меѓу Македонија, Бугарија и Албанија кое треба да опфаќа и безбедносно и политичко поврзување, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

Дотолку повеќе, Бугарија работи на целосно негирање на македонската нација, јазик, историја, култура и бришење на Македонците во Пиринска Македонија, додека од Албанија се промовира некаква тиранска антимакедонска платформа.

— реклама —

Ја предупредувам власта во Скопје дека оваа најнова иницијатива е опасна авантура со штетни последици за македонските национални и државни интереси.

За Единствена Македонија не е спорно дека треба да се развива билатералната соработа на било кој план и со било која соседна држава, но, вакво тројно политичко и безбедносно поврзување со едни соседни држави може да има штетни последици за Републикa Македонија во односите со други соседни држави.

Единствена Македонија ветува дека никогаш нема да ги предаде националните и државните интереси и за таа цел ќе работи на поништување на антимакедонските договори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања