Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Денес е денот кога пред 18 години Македонија со рамковниот договор престана да биде држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Денеска се навршуваат 18 години од капитулантскиот Рамковен договор на кој властите во изминатите 18 години му придаваат нереално историско значење. Јавноста е сведок дека за годишнината владее молк во земјата за овој настан. Во Македонија нема чествување и веселби на 13 август, денот, кој од властите се означува како историски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Но вистината е поинаква. Со Рамковниот договор Македонија престана да биде држава како сите нормални држави кои базираат на концептот на национални држави со гарантирана положба на малцинските права според меѓународното право.

Со договорот Макеоднија стана некаква збирштина на заедници од кои само Македонците останаа без своја национална држава за разлика од останатите заедници кои имаат свои матични национални држави. Рамковниот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест и оттука сите македонски патриотски и национални сили имаат света должност да се залагаат за негово поништување и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

— реклама —

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија во Единствена Македонија ја гледаат последната надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиот народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за нашиот народ и држава, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања