Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија до Мицкоски: Еве ви кандидат за претседател со кој сплотени ќе го победиме злото наречено Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира„ ја поздравува и целосно ја подржува кандидатурата на Филип Петровски за претседател на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се одржи на 16 февруари во Струга.

„Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.

— реклама —

Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка не широка основа, односно, не само од членството на ВМРО-ДПМНЕ туку и од големата коалиција „Македонија-Бликира„ во која членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.

Во овие тешки моменти за Татковината кога пучистичката власт на Заев бесмилосно руши се што е македонско, го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на патриотските сили во Македонија, македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство“, велат од Единствена Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања