Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Единствена Македонија до Мицкоски: Престани со двојните игри, го признаваш преспанскиот договор, а велиш дека имало уценети пратеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија ги осудува лагите и двојните игри на претседателот на ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски, кој во најновото интервју вели дека пратеници му рекле дека биле уценети и обработувани да гласаат за уставните промени, а од друга страна Мицкоски е против поништувањето на Договорот со Грција за промена на името.

Повторно го повикуваме Мицкоски да каже пред целата македонска јавност, дали доколку ДПМНЕ победи на следните избори ќе го поништи Договорот со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Времето на лажните патриоти е минато. Лагите и двојните игри кај македонскиот народ и државјаните на Република Македонија повеќе не минуваат. Христијан внатре во Македонија глуми патирот, а Мицкоски по ходниците во Брисел кај своите странски газди вели дека врвен стратешки приоритет е НАТО, а токму со членството во НАТО се бришат Македонците.

— реклама —

Народот е во дилема, на кој да му верува и кој се премислува, Христијан или Мицкоски.

— реклама —

За Единствена Македонија нема дилема. Прва задача на новата легална власт на Единствена Македонија е поништување на Договорот со Грција со кој се брише се што е македоснко и враќање на Македонија на изворните асномски и илинденски принципи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања