Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија до власта: Побарајте собраниска амнестија за 27 април, си ја исполнивте желбата за одмазда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bacev-1

Јавноста секојдневно е сведок на судската лакрдија со монтираниот политички процес за настаните од 27 април 2017.  Да потсетиме, според обвинението, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на терористички чин на 27 април. Но, ова е толку несериозно и смешно ако се знае дека во тој период полицијата и војската е под команда на луѓе избрани од ВМРО-ДПМНЕ (Митко Чавков и Ѓорѓе Иванов), се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од Единствена Македонија додаваат:

Оттука, ако ВМРО-ДПМНЕ организирало тероризам, тогаш кој го спречи терористичкиот удар да биде несуспешен во услови кога оваа партија ја контролира и војската и полицијата. Белким нема до толку наивни да веруваат дека пратеникот Влатко Ѓорчев кој застана со кренати раце пред нападнатите пратеници ја спречи војската и полицијата да изврши терористички удар во Собранието.

— реклама —

Единствена Македонија ја повикува власта на законодавна иницијатива за амнестија на лицата од 27 април кои се обвинети и осудени само поради желбата на власта за лична одмазад спрема некои од овие лица. Дотолку повеќе, шамари, клоци, кршење врати во собрание во никој случај не може да се подведе под терористичко дејствување.

Единствена Македонија со целосна одговорност тврди дека поседува неспорни и цврсти писмени докази дека осудените и обвинетите за 27 април се политички конструиран случај со точно утврдена намена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања