Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија до Заев: Дали при приемот на вакцини од Србија, почуствува и малку срам што НАТО те остави на цедило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
janko-bacev

Единствена Македонија го прашува Зоран Заев дали денеска при примањето на вакцини од Србија почуствува барем малку непријатност и срам што неговите пријатели од НАТО го тумбаа на првата кривина и го оставија на цедило.  Власта на Зоран Заев покажа дека нема капацитет да се справи со здравствената криза, но, интересно е што НАТО-членките ја гледаа неспособноста на Заев да набави вакцини и притоа не му доделија ниту една вакцина, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

НАТО не покажа солидарност спрема народот во Македонија со флагрантно кршење на Северно-Атланскиот договор од 1949 година, според кој фундаментално начело е солидарноста меѓу државите - членки на НАТО. 29 држави - членки на НАТО не покажаа минимум солидарност да и помогнат на Македонија.

— реклама —

Единствена Македонија цела година бара од владата да се обрати за помош од Кина и Русија, особено што овие земји секогаш помагаат во болка. Тоа е во нивниот национален карактер. Помошта е секогаш искрена и чесна. Но власта на Заев манифестираше преплашеност од своите газди во Брисел иако здравјето на народот не трпи политички калкулации.

Единствена Македонија во оваа прилика изразува голема благодарност до пријателскиот народ во Србија за искрената помош со вакцини за Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања