Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија до Заев: Вразуми се и стави мораториум на договорите со Бугарија и Грција до следните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

На Зоран Заев устата му е полна со фалби дека со договорите со Бугарија и Грција ги решил проблемите и дека нема повеќе отворени прашања со овие две соседни земји. Заев продолжува да лаже штом зине. Излезе на виделина дека договорите со Бугарија и Грција се всушност димна завеса за бришење на сешто е македонско преку работата на заедничките мешовити комисии за ревизија на македонската историја, со крајна цел, Македонија да се покаже како коминтерновска творба, велкат од Единствена Македонија.

— реклама —

„За триото Заев, Шеќеринска и Димитров можеби проблемите со Грција и Бугарија се решени земајќи предвид дека имаат агенда за бришење на се што е македонско. Но, македонскиот народ никогаш нема да прифати искривување на општо познатите меѓународни факти со обидот Македонија да се прикаже како вештачка држава и бришење на нејзината тримилениумска историја на местото на наменски создадените вештачки држави како што е Грција создадена од западот или Бугарија создадена од царска Русија.

— реклама —

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход на Грција и Бугарија спрема македонскиот народ да одговори со мораториум на договорите со Бугарија и Грција до следните парламентарни избори.

— реклама —

Новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ние ќе се бориме и за Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања