Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: ДУИ преку Бујар Османи денеска објави нова војна во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Денешниот став на ДУИ кој го пренесе Бујар Османи дека било каква промена на Законот за јазиците ќе не помести од патот и не враќа пред 2001 година, претставува повторно заигрување со огин од страна на ДУИ и отворен повик за нова војна во Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Со ова се потврдува ставот на Единствена Македонија кажан на повеќе пати низ годините дека прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

— реклама —

Ссвоевидната објава на нова војна од ДУИ се става највисоко на агендата на Единствена Македонија и македонскиот народ.

— реклама —

Законот за јазиците со кој се воведува јазична федерализација како преодна етапа до територијална федерализација, мора да се укине.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ќе ги поништиме штетните договори вклучително и двојазичноста која произлезе од такнаречена тиранска платформа. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања